Премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на новинарско прашање не кажа дали се точни пишувањата на некои медиуми во земјава дека претседателот на огранокот на ДУИ во Шуто Оризари е еден од приведените лица за намерно предизвикување на пожари во Скопје.
Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост и категорично ги отфрла, како што велат, клеветите и тенденциозните вести што се шират во некои кругови блиски до владата, а кои имаат за цел да ги оцрнат и лично да ги дискредитираат нивните политички функционери и активисти во Шуто Оризари, вклучително и нивната наводна вмешаност во сериозни инциденти како што пожарите во околината на Скопје.