Со оглед на интересот на јавноста за кривичниот предмет поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, судот известува дека кривичниот совет при овој суд постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство – Кочани за продолжување на мерките за обезбедување присуство на обвинетите, на обвинетите Д.Ј. од Кочани, Т.Ј. од Кочани, Џ.К. од Скопје и Б.Х. од Скопје им ја продолжи мерката притвор, додека на обвинетите М.С., О.Г., Љ.П., И.Г., М.Г., С.Д., сите од Кочани, потоа Ј.Ј. и Љ.Г. од Скопје како и Б.М и Ш.Х., од Тетово и Е.М. од Виница им се продолжи мерката куќен притвор, стои во соопштението од Кривичен.