Под контрола се пет пожари, а активни се шест пожари.
Како што соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК) активни се пожарите во село Нивичино, Мал Готен и Малешевските планини во општините Василево, Радовиш и Берово, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација. Sitel
Во Општина Прилеп активни се пожарите во село Штавица кон селата Чумово, Волково и Прилепец, каде гори ниска вегетација и деградирана шума, а во Општина Желино пожар има помеѓу селата Церово и Групчин, каде гори нискостеблеста и деградирана шума.
Под контрола се пожарите во Општина Ресен поточно во село Шурленци до село Езерани, во Општина Дојран кај село Николиќ, во Општина Велес кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци, во Општина Гостивар кај село Симница и во Општина Прилеп, помеѓу селата Царевиќ и Смолани, месност Радобилски рид. Novamakedonija
Вкупно 38 пожари на отворен простор се евидентирани изминатото деноноќие.
Под контрола се пет пожари, а активни се шест пожари. Denesen
Гори во Општини Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, Мал Готен и Малешевските планини, каде огнот зафали нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, потоа Општина Македонски Брод – с. Грешница, каде гори мешана шума и сува трева, па помеѓу с. Локвица и с. Крапа , као и с. Латово.
Во Општина Прилеп – с. Штавица кон селата Чумово, Волково и Прилепец гори ниска вегетација и деградирана шума, и во Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин запалена е нискостеблеста и деградирана шума. Telma