На 26.07.2025 во СВР Велес било пријавено дека околу 16.20 часот на ул. Димко Најдов во Велес, патничко возило „хјундаи” со велешки регистарски ознаки, управувано од 48-годишната Р.Т. од Велес, излетало надвор од патот.
Во СВР Велес денеска на пладне 52-годишната Б.П. од Велес пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот татко 76-годишниот Б.М. од Свети Николе, кој привремено престојувал во нејзиниот дом и кој имал здравствени проблеми.