Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвиненителен акт против едно лице во врска со тешка сообраќајна несреќа што се случи на 1 јули годинава на улицата „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, при што животот го загуби пешак.
По целосно спроведена истражна постапка и обезбедени докази, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторени – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, како и – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.