Шоферот на Зоран Заев, според нашите информации, подметнал пожар во атарот на браната Водоча во Струмица, изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
Со лисици на рацете шоферот на екс премиерот Зоран Заев А.Н. е изведен пред надлежните органи како осомничено лице за подметнување пожар кај браната Водоча.
Еден период кажувавме дека голем дел од пожарите низ државата се подметнуваат од структури блиски до СДС, а денес имаме и докази.
Откако од МВР за „ “ потврдија дека синоќа полициски службеници го лишиле од слобода А.Н. поради сомнение за сторено кривично дело, во јавноста излегоа информации дека тој на времето бил шофер или телохранител на поранешниот премиер Зоран Заев.