Двајца полициски службеници биле физички нападнати при вршење контрола на угостителски објект во Виница, каде затекнати биле и малолетници со алкохол, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
Од 23:50 часот синоќа до два утрово, постапувајќи по претходно подготвен план, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Штип во содејство со инспектори од Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот пазарен инспекторат, Трудовиот инспекторат, Управата за јавни приходи и Центарот за јавно здравје – Кочани, извршиле контрола во Градскиот базен во Виница. Plusinfo
Три малолетни лица, од кои две на 16-годишна возраст од Виница и едно на 14-годишна возраст од Кочани се затекнати како консумираат алкохолни пијалоци на Градскиот базен во Виница, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР) за синоќешната акциска контрола спроведена во угостителски објект. 360stepeni