Министерството за внатрешни работи испрати јасна порака дека нема да толерира говор на омраза на спортските трибини и најави ригорозни санкции за сите прекршувања на јавниот ред и мир.
МВР најстрого ќе го санкционира говорот на омраза, само за спортското навивање има место на трибините 14:04, август 6, 202514:06, август 6, 2025 Министерството за внатрешни работи во континуитет апелира до сите граѓани и членови на навивачки групи да ги бодрат своите спортски клубови, но да навиваат спортски, исклучиво во спортски дух, без говор на омраза, без било какви навреди по лична, етничка, верска или било која друга припадност што не соодветствува на спортски натпревари и е спротивно на законот.