Предвидено е претседателката и членовите на македонската делегацијата, на маргините на Самитот, да имаат повеќе средби со претставници на земјите членки на НАТО.
Во фокусот на дведневниот Самит во Хаг е предлогот на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за зголемување на процентот на финансиските средства коjшто државите-членки на Алијансата годишно го одвојуваат од националниот БДП. Sitel
Според Руте, овие заложби ќе вклучуваат нов план за инвестиции во одбраната, со кој ќе се постави цел издвојувањата за одбрани потреби да бидат на ниво од пет отсто од БДП и ќе се зајакне одбранбената индустрија низ Алијансата, што ќе донесе не само поголема безбедност, туку и повеќе работни места.
Планот, меѓу останатото, предвидува петкратно зголемување на капацитетите на противвоздушната одбрана, зголемување на бројот на тенкови и оклопни возила, поголемо производство на куршуми и артилериска муниција, подобрена мобилност на силите на терен и зајакнување на соработката со партнерите, пред се со Украина, ЕУ и партнерските земји од Индо-пацифичкиот регион. Racin
Во делегацијата се и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски.
Претседателката Сиљановска-Давкова синоќа присуствуваше на вечерата што ја организира холандскиот крал Вилем-Александар за учесниците на Самитот, меѓу кои и американскиот претседател Доналд Трамп. Republika
Претседателката Сиљановска-Давкова синоќа присуствуваше на вечерата што ја организира холандскиот крал Вилем-Александар за учесниците на Самитот, меѓу кои и американскиот претседател Доналд Трамп.
Предвидено е претседателката и членовите на македонската делегацијата, на маргините на Самитот, да имаат повеќе средби со претставници на земјите членки на НАТО. Denesen
Во Хаг денеска продолжува Самитот на НАТО на кој учествува и македонска државна делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. 24info
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со Генералниот секретар на Постојаниот арбитражен суд во Хаг, Марцин Цепелак, на којашто беше искажана загриженост за актуелната безбедносна состојба во светот и ја истакна потребата од праведен и постојан мир.
Според Сиљановска-Давкова, решенијата за денешните предизвици мора да се бараат во рамките на мултилатералниот систем, при што се заложи за зајакнување на улогата на Генералното собрание и преиспитување на механизмите за одлучување на Советот за безбедност. Skopjeinfo
Таа укажа дека за сите држави, а особено за малите и средните, почитувањето на меѓународното право претставува не само правна обврска, туку и морален императив.
Претседателката ја истакна нашата подготвеност за зајакнување на соработката со ПАС преку потпишување меморандуми за разбирање, развивање партнерство со универзитетите и можности за пракса на младите професионалци во областа на меѓународното право, со што се согласи Генералниот секретар на судот, Марцин Цепелак, се наведува во соопштението. Vecer
Претседателката ја истакна нашата подготвеност за зајакнување на соработката со ПАС преку потпишување меморандуми за разбирање, развивање партнерство со универзитетите и можности за пракса на младите професионалци во областа на меѓународното право, со што се согласи Генералниот секретар на судот, Марцин Цепелак, се наведува во соопштението.
Цепелак ја запознал претседателката Сиљановска-Давкова со историјата на Палатата на мирот во којашто е сместен Постојаниот арбитражен суд, со работата на судот и процедурите на одлучување. Republika
Во, исто време, ќе се одважат и заседанија на Советот НАТО-Украина на ниво на шефови на дипломатии во форма на работа вечера, под претседателство на заменичката генерална секретарка на Алијансата, Радмила Шекеринска и на Северноатлантскиот совет на ниво на министри за одбрана, исто така во форма на работа вечера, со кој ќе претседава Брекелманс.
Работниот дел од Самитот ќе се одржи утре со заседание на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави или влади, со кој ќе претседаваат Руте и холандскиот премиер Дик Схоуф. Racin
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова е изненадена од најавите за поднесување нови амандмани од бугарските европратеници на извештајот на Вајц за напредокот на земјава што беше усвоен на вчерашниот состанок на АФЕТ и вели дека синоќа пред вечерата што ја организираше холандскиот крал Вилем-Александер во Хаг во рамките на Самитот на НАТО имала пријатен протоколарен пријателски разговор со бугарскиот премиер Росен Жељазков. Republika
Разговаравме за нужноста од меѓусебно разбирање, да се почитуваме, за потребата да го следиме духот на двата народа, за да помагаме и за потребата кој е веќе внатре да му помогне на оној кој оди кон ЕУ. Верувам во потребата од пријателство, верувам дека ќе се случи и мислам дека тоа е нешто неминовно.
Не можам однапред да предвидам, но од она што го видов вчера гарантира дека низ дебата ќе дојдеме до единство – посочи Сиљановска-Давкова пред денешниот состанок на Советот на НАТО во Хаг. Plusinfo
Зголемувањата на инвестициите во одбраната, зајакнување на колективната безбедност и случувањата во Украина и на Блискиот Исток ќе бидат главни теми на дводневниот Самит на НАТО што почнува денеска во холандскиот град Хаг и на кој ќе учествува и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Puls24
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова е изненадена од најавите за поднесување нови амандмани од бугарските европратеници на извештајот на Вајц за напредокот на земјава што беше усвоен на вчерашниот состанок на АФЕТ и вели дека синоќа пред вечерата што ја организираше холандскиот крал Вилем-Александер во Хаг во рамките на Самитот на НАТО имала пријатен протоколарен пријателски разговор со бугарскиот премиер Росен Жељазков.
Имав пријатен разговор со премиерот на Бугарија. Press24
Чесно е да трошиме, исто колку што трошат и САД, рече Руте, додавајќи дека сојузниците треба да се осигурат дека ќе можат да се одбранат „од Русите и другите“.
Тој потенцира дека во услови на долгорочна закана од Русија, масовното зголемување на кинескиот воен потенцијал и поддршката на Кина, Северна Кореја и Иран на руските воени напори во Украина, навистина е важно членките на НАТО да трошат повеќе за одбраната. Kurir
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова пристигна во просториите каде што се одржува Самитот на НАТО во Хаг, Холандија. Press24
Нагласи дека македонската страна останува отворена и подготвена за дијалог на сите нивоа, од претседателско и премиерско до министерско ниво.
Средбата меѓу претседателката Сиљановска-Давкова и бугарскиот премиер Росен Жељазков се очекуваше да се случи на Самитот на НАТО во Хаг, што ќе значеше директен контакт на највисоко ниво меѓу македонската и бугарската страна. Fokus
На маргините на Самитот, претпладнево во Хаг ќе се одржи Јавен форум на НАТО, заеднички организиран од Алијансата и холандската Влада во соработка со Атлантската комисија, Институтот „Клингендал“ и Хашкиот центар за стратешки студии, чија цел е да промовира подобро разбирање на политиките и целите на Пактот и на одлуките што се очекува да бидат донесени на средбата на врвот.
На Форумот е најавено учество на шефови на држави или влади, министри, меѓународни експерти за безбедност, научници, новинари и млади луѓе, кои ќе дебатираат на серија панел дискусии и интерактивни сесии на различни теми од агендата на Самитот на НАТО. 24info
Предолго време еден сојузник – САД, носеше преголем дел од товарот на таа обврска.
И тоа се менува денеска, додаде генералниот секретар на НАТО. Kurir
За попладне е предвидено одржување на Пленарна сесија на Форумот за одбранбена индустрија на кој воведни обраќања ќе имаат Руте, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс.
На Форумот, чија тема е „Како можеме да го забрзаме зајакнувањето и зголемувањето на одбранбената индустрија?“, ќе дебатираат министри за одбрана, експерти и претставници на бизнис заедницата од земјите членки на НАТО. 24info
Ова ќе бара квантен скок во нашата колективна одбрана, но знам дека кога има волја, нашите индустрии и претприемачи од светска класа ќе најдат начин – истакна Руте.
Според него, за да се реализира тоа ќе бидат потребни смели одлуки од политичките лидери и тие ќе го сторат тоа на Самитот во текот на утрешниот ден со усвојување на амбициозен нов план за инвестиции во одбраната на ниво од пет проценти од БДП. Novamakedonija
Самитот официјално почнува вечерва со вечера што за шефовите на држави или влади на членките на НАТО ќе ја организираат холандскиот крал Вилем-Александер и кралицата Максима.
Во, исто време, ќе се одважат и заседанија на Советот НАТО-Украина на ниво на шефови на дипломатии во форма на работа вечера, под претседателство на заменичката генерална секретарка на Алијансата, Радмила Шекеринска и на Северноатлантскиот совет на ниво на министри за одбрана, исто така во форма на работа вечера, со кој ќе претседава Брекелманс. 24info
Создавање милиони работни места, од двете страни на Атлантикот.
Лидерите на НАТО се на пат да преземат историски чекор за да ги обезбедат ресурсите потребни за силна одбрана. Novamakedonija
Освен актуелните случувања во светот, централна тема на Самитот, ќе биде предлогот на САД, земјите членки да ги зголемат трошоците за одбрана на 5% од бруто-домашниот производ (БДП), дупло од актуелниот праг.
Македонија моментално одвојува 2,2% од својот БДП за одбрана и е на 11. место по висината на трошоците. Skopjeinfo
Зборувајќи на самитот на НАТО во Хаг, Руте нагласи дека за време на состанокот ќе бидат донесени „историски и трансформативни одлуки“ што ќе ја направат алијансата „посилна, пофер и посмртоносна“. Tocka
Постои целосна посветеност на американскиот претседател (Доналд Трамп) и високото раководство на САД кон НАТО, рече Руте пред почетокот на самитот на НАТО, додавајќи дека таквата поддршка доаѓа со очекување европските земји и Канада да трошат повеќе за одбраната.
Денеска во Хаг започнува дводневен самит на НАТО, чии учесници ќе разговараат за зголемување на трошоците за одбрана, зајакнување на производството на одбрана и продолжување на помошта за Украина. Kurir
„Европа сега ќе плати ОГРОМНО, како што треба, и тоа ќе биде вашата победа“, напиша Руте.
Руте, меѓу другото, му посака на Трамп безбедно патување и рече дека ќе го види на вечера. Vecer