Преку граничниот премин Евзони/Богородица, дневно минуваат приближно 25.000 лица, а околу 15.000 ја напуштаат земјата.
Дневно поминуваат околу 25.000 луѓе и излегуваат околу 15.000, вели за грчката државна телевизија ЕРТ претседателот на полициските службеници од Кукуш (Килкис) Плутархос Елефтериадис за граничниот премин Евзони/Богородица, каде што во одредени денови за влез во Грција се создаваат редици автомобили со туристи, како од нашата земја, така и од државите од регионот, јави дописничката на МИА од Атина.