Резултатите од онлајн анкета спроведена на крајот на месец јуни 2025 година со учество на над 1.000 млади лица од земјава потврдуваат постоење на евроскептицизам помеѓу младите луѓе, различни очекувања за членството во ЕУ, како и голем број можности и активности кои можат да се преземат од страна на националните и ЕУ институциите во соработката со младите луѓе на овој план. Press24
Следи Србија со 14.7 проценти, додека под 10 проценти се останатите земји од Западен Балкан.
Македонската интеграција како реалност во следните 5 години е посочена само од 8.2 проценти од испитаниците, што претставува јасен сигнал и аларм со цел преземање на конкретни мерки и активности особено од домашните институции и носители на јавни функции со цел брзо надминување на загубената надеж и уверување во европската перспектива на земјата помеѓу младите луѓе со цел нивно целосно оттргнување од евроскептицизмот. Racin
Потребна е нова, искрена и блиска комуникација со младите, цврсти партнерства помеѓу ЕУ и земјите-кандидати за членство со фокус на младите, но и конкретна економска и демократска поддршка, која ќе биде навистина широка и отворена за секоја млада личност“, изјави Бојан Кордалов, комуниколог и директор за креирање на политики и комуникации во Европскиот центар за извонредност (ЕЦЕ) со седиште во Брисел.
На анкетата одговорија над 1.000 млади луѓе од земјава од кои 81.5 процент се актуелни студенти на додипломски или постдипломски студии, а е спроведена во соработка со младинската платформа „Студентарија“ и претставува дел од тековен истражувачки процес кој ќе резултира со тематска публикација на македонски и англиски јазик и конкретни препораки за идно дејствување на националните и ЕУ институциите со цел правилно адресирање на евроскептицизмот меѓу младите луѓе во земјите-кандидати за членство во Европската Унија. Racin