Стапката на невработеност се очекува да се намали на ниво до 11,1 проценти во 2025 година, а стапката на вработеност да достигне 47 проценти.
Со ребалансот се врши реалокација на средства меѓу буџетските корисници, се дообезбедуваат средства за исплата на плати пред се во Министерството за внатрешни работи, каде е обезбеден раст на платите на вработените од 10 проценти, а се обезбедени дополнителни средства и за исплата на зголемени пензии и дополнителни околу 300 милиони денари за капитални расходи. Skopjeinfo
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет трет ден денеска треба да продолжи расправата за ребалансот на Буџетот.
На вториот ден од расправата, вчера пратениците од власта и опозицијата продолжија со меѓусебни обвинувања – за пратениците од власта предложениот ребаланс ја отсликува стабилната и одговорна економска политика на Владата со повеќе средства за плати, пензии и капитални инвестиции, додека за опозицијата тој е обид да се прикријат пропустите со јавните финансии и отвора пат за дополнително задолжување и загрозување на економската стабилност. Alsat
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет трет ден денеска треба да продолжи расправата за ребалансот на Буџетот. Alsat
На вториот ден од расправата, вчера пратениците од власта и опозицијата продолжија со меѓусебни обвинувања – за пратениците од власта предложениот ребаланс ја отсликува стабилната и одговорна економска политика на Владата со повеќе средства за плати, пензии и капитални инвестиции, додека за опозицијата тој е обид да се прикријат пропустите со јавните финансии и отвора пат за дополнително задолжување и загрозување на економската стабилност.
Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски, на првиот ден од расправата, образложи дека предложените измени и дополнувања на Буџетот се потврда на фискалната политика за неопходноста од консолидација и подобрено управување со јавните финансии. Skopjeinfo