Пет дена по обвинението претседателката на Антикорупциска е недостапна и сè уште не се огласила ниту за кривичните дела ниту за повиците за оставка.
Освен едно соопштение, речиси три месеци молчеше и до денес не поднесе оставка на функцијата.
Пратеничката група на Левица поднесе иницијатива за разрешување на претседателката на Државна комисија за спречување на корупцијата, информираше денеска на прес-конференција пратеничката Јована Мојсоска појаснувајќи дека во Законот за спречување на корупција, член 14, изричито се предвидува дека претседателката на антикорупциска комисија може да се разреши доколку престанале да важат условите од член 11 од истиот закон.
Во врска со покажаниот интерес на јавноста информираме дека Собранието е институцијата која носи одлука за престанок на функцијата и разрешувањето на претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, соопштуваат од ДКСК за случајот со нивната претседателка Татјана Димитровска.