Посочува дека синоќа се организираат доброволци од Општина Берово, како и општествено одговорни компании денеска наутро да заминат на планината Готен, со цел да не се дозволи ширење на пожарот кон селата Владимирово, Мачево и Русиново.
Во апелот на Општина Берово, кој е објавен синоќа се вели поради сериозноста на пожарот кој го зафати подрачјето на општината, согласно заклучоците од вечерешниот состанок на Кризниот штаб, се упатува апел до сите граѓани на Општина Берово, кои се во можност, доброволно да се вклучат во акцијата за гаснење на пожарот. Libertas