Ребалансот на буџетот за 2025 година, иако навидум не менува многу во клучните макроекономски параметри како вкупни приходи, расходи, дефицит и економски раст, претставува јасен показател за владините приоритети и стратегии, особено во пресрет на локалните избори, истакна пратеничката на СДСМ – Бисера Костадиновска Стојчевска, на денешната расправа посветена на ребалансот на Буџетот за 2025 во комисијата за финансирање и буџет.
Костадиновска Стојчевска нагласи дека 14 милиони евра не се за зголемени плати, како што рече и самиот заменик министер се до обезбедуваат средства за исплата на плати, пензии, програмски, проектни активности со едновремено искористување на средства од претходни години. A1on
Во своето излагање пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, особено се осврна на состојбите во министерството за култура и туризам, каде е намалена ставката за плати, што според неа значи дека заложбите за поголеми плати за вработените во министерство за култура останале само предизборни ветувања а и додатокот на плата за 30 отсто денес во министерство за култура се прави по партиски клуч.
„Не се предвидени средства за зголемувањето на платите на културните работници. Tocka