Адвокатот Антонио Апостолски ќе го застапува поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами во случајот за кој тој заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби и уште неколкумина е осомничен за проневера на околу осум милиони евра во Лотарија. Libertas
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународни потерници за поранешниот вицепремиер Артан Груби и директорот на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами кои се товарат за проневера на околу осум милиони евра од Државна лотарија. Civilmedia
И премиерот Христијан Мицкоски, говорејќи за овој случај, во гостувањето на емисијата „Кликплус“ рече дека директорот на Државната лотарија подолго време не е во државата.
Моите информации се дека поранешниот директор на Државна Лотарија подолго време не е во земјата. Sitel
Основното јавно обвинителство Скопје вчеравечер до Министерството за внатрешни работи издаде наредба за објава на национална потерница и изјава за распишување меѓународна потерница.
Претходно Кривичниот суд го прифатил барањето на Јавното обвинителство за определување на мерка притвор на двајцата осомничени во случајот со Државната лотарија, поранешниот вицепремиер Артан Груби и ексдиректорот на Државна лотарија Прпарим Бајрами, кои се надвор од државата. Libertas
МВР пред малку објави меѓународни потерници за поранешниот вице премиер Артан Груби и екс директорот на Лотарија Перпарим Бајрами. Fokus