Министерството за образование и наука ги објави конкурсите за доделување на стипендии за студии од втор и трет циклус на високообразовните установи во Македонија, за академската 2024-2025 година, информираат од ресорното министерство. Skopjeinfo
Додека за докторски студии ќе се исплаќаат 18.000 денари месечно, во текот на целата година.
Од оваа година, за стипендиите за постдипломски студии ќе може да аплицираат и студенти кои имаат завршено прв циклус на студии во траење од три години, односно 180 ЕКТС. Nezavisen
Од оваа година за стипендиите за постдипломски студии ќе може да аплицираат и студенти кои имаат завршено прв циклус на студии во траење од три години, односно 180 ЕКТС.
Новото раководство на Министерството за образование и наука го прифати барањето на студентските организации за отстранување на ова ограничување од изминатите години, се вели во соопштението. Republika
МОН ги повикува заинтересираните кандидати да ги погледнат конкурсните услови и да аплицираат доколку истите ги исполнуваат.
Потребните документи може да се достават на адреса или во писарницата на Министерството за образование и наука ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје (со назнака стипендии за академски студии од втор циклус во земјата) или електронски на: https://e-uslugi.mon.gov.mk. Рокот за аплицирање е 1 ноември 2024 година. Netpress