Доколку тоа не се случи, ќе стане очигледно дека станува збор за една голема лага.
Во таа смисла, ние ќе чекаме да видиме како ќе се одвива тој процес, ќе ја поддржиме секоја стратегија на Владата која што ќе ни обезбеди подобри услови во процесот на преговори. Press24
СДСМ побара ваква седница откако Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (КОРЕПЕР) донесе одлука Албанија на 15 октомври да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ, со што практично би се раздвоила од Северна Македонија, иако досега двете земји се движеа во пакет во пристапниот процес.
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче вчера во изјава за медиумите повторно го повика премиерот Мицкоски да свика ваква седница на која ќе образложи каков е планот и идните чекори за европската интеграција на државата. Press24
СДСМ сè уште чека одговор од Христијан Мицкоски и Владата на ВМРО-ДПМНЕ за предлогот за свикување собраниска седница за европската интеграција на Македонија. Kanal5
Премиерот Мицкоски досега ниту го прифати, ниту го одби барањето на опозицијата за затворена собраниска седница.
Најави дека позицијата на владата ќе ја соопшти откако ќе се анализира предлогот на Филипче. Sitel
„Сите почнале и го завршиле процесот, ние немаме таков јасен показател и параметар.
Кога ќе има и тоа би го зграпчиле. Denesen
Бугарските политичари сега викаат дека нема потреба некој да биде медијатор, ќе преговараме билатерално, а до скоро викаа дека ова е проблем на Европската унија.
Сега, кога претседавачот на ЕУ вика да седнеме на маса, велат нема потреба. Press24
За ова имаме поддршка од 26 земји членки, освен од нашиот источен сосед, изјави синоќа премиерот Христијан Мицкоски.
Опозицијата, пак, вчера се огласи со повторно барање за затворена собраниска седница за власта да го каже планот за евроинтегративниот процес на земјава. Press24
Предлог-буџетот за следната година би требало да се најде на владина седница на 16 октомври. Faktor
Премиерот Христијан Мицкоски во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ, на прашање за повикот на лидерот на СДСМ Венко Филипче за информирање на планот за надминување на проблемот со Бугарија, истакна дека кога ќе има нови детали опозицијата ќе биде информирана и дека оваа Влада нема да ја повтори грешката на СДСМ кога беше на власт и сама го тераше процесот без да информира и без да се консултира со опозицијата. Plusinfo
Односно да има напредок за да може да го споделиме со опозицијата.
Во моментов се е на позиционирање и поставување на играта и нема поместување.“, рече Мицкоски. Republika
Планот, како што рече премиерот одговарајќи на новинарски прашања на темата, е компилација од препораките на Оценската мисија, препораките на Европската Унија и од „оние одредници коишто се дел од нашата владина програма со која излеговме пред граѓаните на изборите“.
За потсетување, главното предизборното ветување на ВМРО-ДПМНЕ во однос на правосудството, од кое Мицкоски не отстапи ниту по победата на изборите и составот на новата Влада вклучува и распуштање на Судскиот и Советот на јавни обвинители, што наиде на забелешки од меѓународните партнери. 360stepeni
Премиерот Мицкоски додаде дека ние денеска ги имаме европските фондови на располагање, но проблемот е друг, дали ние сакаме да си ја завршиме домашната задача.
„Ако сакаме, ќе ја завршиме и со ова сега што го имаме на располагање. Republika
Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, побара од премиерот Христијан Мицкоски да свика затворена седница во Собранието, на која ќе се дискутира за иднината на евроинтегративниот процес на Македонија. Netpress
Освен строгите критериуми за избор, предвиден е и надзор при трошење на парите.
„Внимателно комисија ќе врши избор и селекција на проектите. Sitel
На држава и на граѓаните не им требаат ниту празни флоскули, ниту митигашки пароли, им треба конкретен план во Собранието.
СДСМ е подготвена да поддржи стратегија којашто ќе значи подобрување на позициите и продолжување на европскиот пат на државата, но нема да прифати празни ветувања, блокада на процесите и манипулации на јавноста, се вели во соопштението од СДСМ. A1on
Второ, ќе се создаде фонд од 10 милиони евра за поддршка на млади предприемачи на возраст од 18 до 29 години.
Средствата ќе бидат распределени на основа на специфични бизнис планови, а комисија составена од претставници на различни институции ќе ги одредува критериумите и надзорот за користењето на средствата. Mk
„Ова е потврда дека поскапувањата ги оптоваруваат граѓаните, особено во делот на храна и дека мерките на владата на Мицкоски, на Дурмиши и ВМРО-ДПМНЕ се целосно задоцнети.
Владата не успеа на време да воведе мерки кои ќе го заштитат стандардот на граѓаните и да ги намалат трошоците на живот. Press24
ВМРО-ДПМНЕ верува во младите и во нивниот потенцијал затоа презема вакви мерки.
Ова ќе помогне во развивање на државата“, рече Мицкоски на вчерашната Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Skopjeinfo
Во него ќе се внимава да не се зголеми буџетскиот дефицит, а економска активност меѓу другото се очекува со унгарскиот заем и со почетокот на работата на „Фени“, најави вечерва премиерот Христијан Мицкоски.
Мицкоски не очекува ниту пореметувања во стабилноста на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со линеарното зголемување на пензиите. Faktor