Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека Државниот просветен инспекторат постојано работи по сите пристигнати пријави, при што се утврдени одредени нерегуларности кај некои универзитети.
Откако во неделното интервју за РСЕ соопшти дека на три универзитети се констатирани нерегуларности, министерката за образование и наука, Весна Јаневска денеска изјави дека неправилности има не само на универзитетите, туку и во институти, од кои два се затворени.