Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
11
23.57
21.55
2.45/1.24
11.00
4.29
0.39
1049.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 11
9 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 296.5
Best clustering variants
9 0.99/0.01 2 296.5
Press24

Согласно доставените сугестии за време на периодот во кој Концепцијата беше ставена на јавна дискусија, Бирото за развој на образованието интервенираше и ја подготви новата унапредена содржина.

Измените овозможуваат повторно враќање на научните дисциплини историја, географија, биологија, физика и хемија како посебни предмети во третиот воспитно-образовен период од основното образование (седмо, осмо и деветто одделение), имајќи предвид дека претходно Концепцијата предвидуваше нивна интеграција со нејасно дефинирани насоки за реализација на часовите, но и кратење на многу содржини кои се од исклучителна важност за учениците на соодветната возраст, соопшти МОН: Посочува дека како резултат на измените во Концепцијата, во следниот период ќе се изработи и нов Наставен план за основното образование, како и нови наставни програми по соодветните предмети во седмо, осмо и деветто одделение, кои етапно ќе се воведуваат почнувајќи од учебната 2025/2026 година, како и во двете учебни години потоа. Press24

07:48 h 19-Nov-2024
  • По години апели од наставниците, стручната јавност и родителите, Министерството за образование конечно направи значаен чекор кон подобрување на квалитетот на основното образование.
  • ◉ ХЕМИЈА,ФИЗИКА, БИОЛОГИЈА... ПОСЕБНИ ПРЕДМЕТИ, НО ДАЛИ КЕМБРИЏ ПРОГРАМАТА ЌЕ СТАНЕ ИСТОРИЈА? Наставниците и родителите бараат континуитет
13:05 h 14-Nov-2024
  • Во основното образование се враќаат предметите историја, географија, биологија, физика и хемија кои беа укинати согласно со Концепцијата за основно образование на поранешната министерка Мила Царовска од владата на СДСМ и ДУИ.
  • СЕ ВРАЌААТ ИСТОРИЈАТА, ГЕОГРАФИЈАТА, БИОЛОГИЈАТА, ФИЗИКАТА И ХЕМИЈАТА Предметите етапно ќе им се воведуваат на основците во следните три години
12:52 h
  • Историја, географија, биологија, физика и хемија повторно ќе се изучуваат како посебни предмети во основните училишта.
  • Историја, географија, биологија, физика и хемија повторно ќе се изучуваат како посебни предмети
12:29 h
  • Министерството за образование и наука информира дека се направени измени на Концепцијата за основно образование, на чија потреба во изминатиот период, како што наведува, „упатуваше стручната и пошироката јавност, а особено наставниците од основните училишта“.
  • МОН: Историја, географија, биологија, физика и хемија се враќаат како посебни предмети
Libertas

МОН ја поттикнува работата преку проектни активности, коишто смета дека ќе овозможат наставните содржини да им се приближат на потребите и на интересите на учениците.

Се препорачува учењето базирано на проекти да се користи и за поврзување на дисциплини што не се сродни, како, на пример, Физичко и здравствено образование со математика (кога, на пример, се бара да се развијат и да се приберат мерки на физичка издржливост и да се претстават табеларно и графички), биологија со музичка уметност (кога, на пример, се истражува како музиката влијае на работата на мозокот) или предметот што го дефинира наставниот јазик со историја и општество (кога, на пример, треба да се одговори на прашањето каква е улогата на јазикот кој се користи во социјалните медиуми врз комуникацијата меѓу младите).“ Според дополнетата концепција, сите задолжителни наставни предмети и сите изборни предмети од областа на јазиците се покриени со квалитетни учебници и наставни материјали кои се целосно усогласени со наставната програма и со потребите и интересите на учениците. Libertas