Народниот правобранител забележал зголемено врсничкото насилство, во однос на минатата година.
Околу 30 претставки за булинг стигнале на адресата на правобранителот, но според неговата заменичка Васка Бајрамовска- Мустафа, овој број не ја отсликува реалната ситуација, затоа што претставките до нив доаѓаат во краен случај, односно кога булингот преминува во физичко насилство, а психичкото малтретирање, децата најчесто го пријавуваат кај класните раководители.