Премиерот Христијан Мицкоски се надева дека Обвинителството ќе го повика лидерот на ДУИ Али Ахмети кој, како што пренесоа вчера косовските медиуми, изјавил дека поранешниот вицепремиер Артан Груби се наоѓа на албанска територија и дека ќе се врати во земјава само ако нема одмазничка и селективна правда.
Од СДСМ велат дека откако лидерот на ДУИ, Али Ахмети застанал во одбрана на Артан Груби, повеќе од јасно е дека самиот тој е добро информиран за тоа каде е Груби и има важни информации за случајот.
Јалови се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја префрлат вината за бегството на Артан Груби врз СДСМ, велат од опозициската партија.
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети во изјава за косовските медиуми посочил дека неговиот довчерашен сопартиец, Артан Груби не побегнал, но и дека тој самиот немал контакт со него.