Предлог Законот од матичната Комисија за социјална политика, млади и демографија власта го префрли за расправа и дискусија во Комисијата за енергетика.
Претседателот на Собранието го прекрши Деловникот само за да ја заобиколи надлежната Комисија за социјална политика, којашто е блокирана поради неприфаќање на Законот за посебните права на бранителите. Civilmedia
СДСМ попладнево преку соопштение обелодени дека претседателката на државата не го потпишала указот за Законот за заштита на децата.
Оттаму го поздравија ваквиот чекор на претседателката и побараа од ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од измените на законот. Novamakedonija
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на 31 декември 2024 година испратила известување до претседателот на Собранието Африм Гаши дека нема да го потпише указот за прогласување на Законот за заштита на децата, со кој се предвидуваше воведување на двојазични лиценци во градинките. Fokus