Ќе се спроведе ригорозна казнена политика за ваков тип дивеење по улиците, вели Мицкоски.
„Состојбата која ја затекнавме беше алармантно катаклизмична и во таква состојба вие мора да најдете начин како сето тоа да го менаџирате и да се соочувате со сите тие предизвици“.
Според сведоштвата на граѓаните, дел од производителите, дистрибутерите и маркетите се служат со трикови и тие трикови придонесоа цените на одредени производи да се зголемат, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање од пратеникот Бојан Стојановски.
Премиерот Христијан Мицкоски очекува 250. милиони евра од унгарскиот кредит наменет за компаниите да придонесат за задвижување на економијата, заедно со кредитот од 250 милиони евра наменет за капитални инвестиции во општините и со директните странски инвестиции во 2024 година, кои очекува да надминат една милијарда евра.