Ова го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска на средбата со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, во насока на усвојување нов колективен договор за основното и средното образование.
„Постигнат е голем исчекор напред, усогласени сме по однос на поголемиот дел од прашањата кои ги засегаат вработените во училиштата, а денес нашите преговори продолжуваат за да ја завршиме целосно работата на која се обврзавме ние како Влада од една страна и СОНК од друга страна“, изјави Јаневска, напоменувајќи дека целта на Владата е да обезбеди долгорочна економска сигурност на вработените во училиштата и затоа е предвиден раст на платите за најмалку 46 проценти, а најмногу до 60 отсто до 2028 година, зависно од степенот на инфлација. Radiomof
„Постигнат е голем исчекор напред, усогласени сме по однос на поголемиот дел од прашањата кои ги засегаат вработените во училиштата, а денес нашите преговори продолжуваат за да ја завршиме целосно работата на која се обврзавме ние како Влада од една страна и СОНК од друга страна“, изјави Јаневска, напоменувајќи дека целта на Владата е да обезбеди долгорочна економска сигурност на вработените во училиштата и затоа е предвиден раст на платите за најмалку 46 проценти, а најмногу до 60 отсто до 2028 година, зависно од степенот на инфлација.
Министерката потенцираше дека за прв пат растот на платата е поврзан со степенот на инфлација, за да се обезбеди реално зголемување на приходите на вработените во основното и средното образование. Mk
Верувам дека многу скоро ќе се случи потпишувањето на новиот колективен договор за подобрување на правата на вработените во основните и средните училишта, а во оваа прилика сакам да информирам, како што и се договоривме, тие во март годинава ќе го добијат второто покачување на платите за 7%, откако во октомври минатата година го добија првото за 5%. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на средбата со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, која е продолжение на конструктивниот социјален дијалог, а во насока на усвојување нов колективен договор за основното и средното образование. Denesen
За голем број од точките за кои се преговара, како што истакна министерката, веќе се усогласени ставовите, останува дополнително да се доусогласат и останатите точки, како што се покачувања за класно раководство, плаќање надоместок за пат на одредени наставници кои работат подалеку од училиштето, како и за некои други погодности кои ќе ги имаат членовите на СОНК.
„Денешниов состанок е еден од бројните кои ги одржувам со нашиот социјален партнер со цел подобрување на правата и можностите на вработените во основните и средните училишта. 360stepeni
Низ тој континуиран процес со бројни разговори и преговори постигнуваме одредени заеднички ставови кои мислам дека ќе ги досредиме во иднина и ќе дојдеме до конечното решение за потпишување на новиот колективен договор – изјави министерката Јаневска пред почетокот на средбата и посочи дека е убедена оти релативно брзо ќе биде потпишан колективниот договор.
Потврди дека мартовската плата на вработените во основните и средните училишта, која ќе се исплати во април, ќе биде покачена за седум проценти како што беше претходно договорено. Novamakedonija
Министерката за образование и наука Весна Јаневска по денешната средба со претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, изјави дека преговорите за колективниот договор за вработените во основните и средните училишта привршуваат и се очекува за брзо време тој да биде потпишан. Fokus
Претходно во текот на минатата година имаа зголемување од пет проценти.
„Ова е второ покачување на платата и е во согласност со инфлацијата. 360stepeni
Нагласи дека присуството на министерката Јаневска на работната средба покажува дека многу се посветува внимание на квалитетен текст на колективниот договор.
Таргетот беше до денеска да ги потпишеме колективните договори, но заради обемноста на материјалните и заради немање закон за наставници и стручни соработници кои се битни за склучување на договорите ќе имаме мало доцнење. Nezavisen
Потпишувањето на новиот колективен договор за вработените во основните и средните училишта, е одложено за две до три недели, поради неусогласените ставови помеѓу МОН и СОНК.
Денеска, на работна средба се разговараше за потребата од покачување на платите за дел од класното раководство, како и за плаќањето на патните трошоци за наставниците. Kanal5
Наставниците во април ќе добијат плата повисока за седум проценти..
Претходно во текот на минатата година имаа зголемување од пет проценти. Kanal5