Во оваа насока беше и реакцијата на Алијанса за Албанците на Села, од каде, меѓу другото наведоа дека именувањето на Богојески е во спротивност со моменталната европска ориентација на земјата.
Вчера реагираа и од невладината „Мрежа за заштита од дискриминација“ од каде побараа Владата да ја повлече одлуката за а именување на лидерот на партијата Македонски концепт, Петар Богојески, за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност – „Еразмус+“. Според невладината, Богојески преку неговите објави на социјалните мрежи употребил вознемирувачки говор, навреди, говор на омраза и/или поттикнување на дискриминација, нетолеранција и/или насилство кон припадници на речиси сите етнички заедници во земјава. Nezavisen
Европската комисија е запознаена со загриженоста во јавноста поврзана со изборот на Петар Богојески на чело на Агенцијата за европски програми за образование и мобилност, и ќе разговара за тоа со министерката за образование. Netpress
Кратките конкурси од по неколку дена беа посочувани како ризик за корупција и однапред избрани кандидати за работните позиции, а тоа го наведуваа и организациите кои го следат трошењето на парите на граѓаните од државниот Буџет, но и членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата.
На почетокот на неделата, за нов директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност беше именуван Петар Богојески, претседателот на помалата политичка партија Македонски концепт за кого поради речникот на социјалните мрежи и пријавите за ширење на говор на омраза и дискриминација е побарано разрешување. Telma