Европската комисија (ЕК) бара да разговара со министерката за образование Весна Јаневска за именувањето на лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески, за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Северна Македонија – „Еразмус+“. Од Европската комисија ова го навеле во одговор на прашање од порталот , откако во јавноста се појавија низа реакција во врска со назначувањето на Богојески, а кои главно се однесуваат на неговите ставови искажани за повеќе општествени и политички прашања. 360stepeni
„Со оглед на тоа што очекуваме директорот на Националната агенција што раководи со клучната програма на ЕУ да ги поддржува основните вредности на ЕУ, кои вклучуваат почитување на човековото достоинство и права, слобода, демократија, еднаквост и владеење на правото, бараме да разговараме за ова прашање со министерот за образование“, велат од ЕК за „Порталб“.
Петар Богојески, лидерот на партијата Македонски концепт, коалициски партнер во власта, за нов директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност беше назначен минатата недела. Libertas
Од Мрежата за заштита од дискриминација побараа повлекување на одлуката за именување на Петар Богојески за директор на Националната агенција за европски образовни програми. Civilmedia