Обраќање на претседателот на Владата Христијан Мицкоски на одбележувањето на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик во Македонскиот народен театар: Дами и господа, Почитувани сограѓани, Драги пријатели, „Јас се чувствувам како Македонец и сакам да бидам таков“, напиша Крсте Петков Мисирков.
Како македонски мисионери имаме семакедонска, национална и човечка должност да го чуваме, негуваме, сакаме, развиваме, проучуваме, промовираме, обновуваме македонскиот јазик, оти без нас не ќе живее, ниту ние ќе бидеме Македонци без него.
Поради масовното иселување на младите, во моментов македонскиот јазик има повеќе говорители во дијаспората, отколку во татковината.
Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ - Скопје денеска во 10 часот организира чествување по повод Денот на македонскиот јазик и 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.