Денеска, во рамки на официјалната посета на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се одржа Првиот дијалог за безбедност и одбрана меѓу Европската Унија и Република Северна Македонија, во рамките на Партнерството за безбедност и одбрана потпишано во ноември 2024 година. Opserver
Беше нагласена важноста на регионалната стабилност и улогата на Македонија, како НАТО членка и ЕУ-кандидат, во јакнењето на европската безбедносна архитектура.
На средбата беше направен пресек на активностите поврзани со учеството на државата во мисиите и операциите во рамки на Заедничката безбедносна и одбранбена политика, како и на тековните активности за справување со сајбер и хибридни закани, стратешка комуникација, борба против дезинформации и странски влијанија, како и учеството на жените во овие процеси. Alfa
На средбата беше направен пресек на активностите поврзани со учеството на државата во мисиите и операциите во рамки на Заедничката безбедносна и одбранбена политика, како и на тековните активности за справување со сајбер и хибридни закани, стратешка комуникација, борба против дезинформации и странски влијанија, како и учеството на жените во овие процеси.
Дополнително, македонската страна изрази силен интерес за продлабочување на соработката со ЕУ во одбранбените иницијативи, вклучително и преку Европската агенција за одбрана (EDA), Постојаната структурална соработка (PESCO), воената мобилност и претстојната Бела книга за европска одбрана. Kanal5
Нашата 100-процентна усогласеност не е само техничка обврска, туку и јасен одраз на нашата стратешка ориентација и споделени вредности.
Ги поддржуваме сите постојни напори за постигнување праведен и траен мир во Европа, останувајќи доследни во споделувањето на заедничкиот товар преку продолжување на севкупната поддршка за Украина, вклучително и во воениот и одбранбениот аспект“, истакна министерот Муцунски. Press24
Денеска заедно со министерот Тимчо Муцунски и високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас го отворивме првиот дијалог во рамки на Партнерството за безбедност и одбрана МК – ЕУ, објави на социјалната мрежа на Фејсбук министерот за одбрана Владо Мисајловски. Alfa
Го поддржуваме мирот во Европа и ја продолжуваме севкупната поддршка за Украина – вклучително и во воениот и одбранбениот аспект – изјави Муцунски.
Министерот за одбрана Владо Мисајловски ја истакна поддршката на ЕУ и заложбата на Македонија за одржување на стабилноста во регионот. Plusinfo
Состанокот официјално го отворија министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, високата претставничка на ЕУ, Каја Калас, а обраќање имаше и министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
Во своето обраќање, министерот Муцунски ја истакна силната одлучност и посветеност на државата да биде доверлив партнер на ЕУ и НАТО во справувањето со безбедносните предизвици во сложеното геополитичко опкружување. Alfa
Овој чекор претставува значаен напредок за Македонија и целиот регион, бидејќи го зајакнува заедничкиот ангажман во областа на безбедноста и одбраната.
Партнерството има за цел унапредување на соработката со ЕУ во клучни безбедносни области и развој на националните одбранбени капацитети. Lokalno
„Во моментов имаме најголем буџет за одбрана, над 30 проценти се наменети за модернизација на Армијата, и оваа опрема дополнително ќе влијае на развојот на способностите и капацитетите на одбранбените капацитети“, рече Мисајловски.
Овој прв Дијалог за безбедност и одбрана меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија означи почеток на редовни политички и експертски консултации, со што ќе се овозможи следење на спроведувањето на Партнерството и отворање нови можности за соработка во интерес на мирот, стабилноста и безбедноста на граѓаните. Press24