Изминатите три децении г. Тимотеј беше предводник или член на делегациите што Синодот на МПЦ ги испќаше со цел да преговараат или да ги запознаат сестринските православни цркви со состојбата околу признавањето на МПЦ-ОА. Многупати остварил средби со вселенскиот патријарх Вартоломеј, со александрискиот патријарх Петар, со српскиот патријарх Павле, со грчкиот архиепископ Христодулос, со албанскиот архиепископ Анастасиос и со претставници на Руската, на Бугарската и на Романската православна црква, залагајќи се дека не постои друг пат за МПЦ, освен нејзино признавање како автокефална и самостојна црква и рамноправен член на православното семејство во светот.