Пред нас, преку Него, изобилно е спрострена благочестива иднина, во која ќе биде израмнета секоја сегашна несовршеност и нерамнина.
Нашиот Бог, кој е богат со милост, поради својата голема љубов ќе нè оживее со Христа, ќе нè воскресне и восинови на небесата, и од огромното богатство на својата благодат, врз секое создание што живее во правда и вистина изобилно ќе ги излее својот елеј и своето исцелително миро. Novamakedonija
Ние христијаните веруваме во Воплотениот и Воскреснат Спасител, кој нè ослободи од законот на гревот и од канџите на смртта.
Он е нашиот залог и залет кон вечноста, на Него како на цврст темел е построена секоја наша идна надеж. Novamakedonija
Во нас за навек живее Духот на Оној кој го воскресна Исуса од мртвите.
Он ќе ги оживотвори и нашите смртни тела. Denesen
При овој тежок настан сите ние посведочивме колку може нашиот народ да биде солидарен и човечен.
Овој бран на добрина и милосрдие нека се рашири во сите пори на општеството. Denesen
Заедницата се гради од секој поединец, од секоја личност.
Одвнатре се уредува и општеството, но и нашата непосредна околина. Denesen
Светлината ги симболизира воскресението, животот, надежта и вечната радост.
Христос е Светлина на светот, а со Неговото воскресение нè просветли и нè ослободи од темнината на гревот и стравот од смртта. Novamakedonija
Сите ние ќе примиме капка од оваа утринска роса, која чека да падне врз секоја жедна душа, која го разбиструва секое око што со копнеж гледа во висините и се надева на вечните рајски населби.
Возљубени мои Македонци и Македонки! Novamakedonija