Овогодишниот Велигден го доживуваме поразлично од досега, по страшниот пожар во Кочани во кој пострадаа шеесетина наши чеда, а повеќе од двесте беа повредени.
По милоста божја, Архиепископ охридски и македонски, заедно со светиот архијерејски синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, до монаштвото и до сите чеда на македонската православна црква, поздравувајќи ги со величествениот и торжествен поздрав – ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!