Изет изјавил дека ќе сум ја дестабилизирала државата.Изет, единствена дестабилизација од мене ќе добиете ти и твојот измеќар Висар што ти ги потпишувал незаконските дивоградби за кои луѓе ви платиле милиони евра, а сте ги лажеле дека ќе можат да ги легализираат, пишува на Фејсбук градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.– Не се глупирајте, ви ја знаеме играта, ви ги знаеме лагите, знаеме кога се обидувате да манипулирате со јавноста и да ја дефокусирате.
Доцна синоќа, граѓани од Чаир предводени од градоначалникот Висар Ганиу пристигнаа пред седиштето на Град Скопје, каде симболично го исфрлија ѓубрето кое претходно го собраа од улиците на Старата Чаршија.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, доцна синоќа пред Град Скопје, се вклучи во живо на социјалните мрежи и објави дека градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, истурил отпад пред бараките.