Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, изјави дека премиерот на Косово во техничкиот мандат, Албин Курти, не се мешал во политичките дејствија на таа коалиција како дел од Владата на Северна Македонија, но дека без негова помош, ВЛЕН немаше да биде формирана како коалиција за учество на изборите, објавува „Газета Експрес“.
Лидерот на едното крило на Алијансата за Албанците и до неодамна член на Владата, Арбен Таравари зборуваше за помошта што косовскиот премиер Албин Курти ѝ ја дава на коалицијата ВЛЕН.