Во манастирот „Св. Климент Охридски и св. вмч.
Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид денеска на Петровден со почеток во 17:00 часот, ќе биде извршено наречението на новоизбраниот архијереј Дебарско-кичевски, архимандритот Георгиј. Mms
Согласно протоколарната церемонија, архимандритот Георгиј се заблагодари и ја прифати одлуката на Синодот.
Владиката Георгиј ќе биде хиротонисан и устоличен за митрополит на Дебарско-кичевската епархија утре, со Божествена литургија што ќе се служи во Катедралниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“ . Новиот епископ доаѓа на местото на митрополитот Тимотеј кој се упокои на 25 ноември минатата година по кусо боледување. Republika