При посета на загрозеното подрачје Митовски нагласи дека градот се наоѓа под закана – најголема огнена стихија во последните неколку години, и упати апел за смиреност, но и за помош од соседните општини, од државата и од доброволци.„Апелирам и алармирам за смиреност, но во истиот момент апелирам за помош од сите соседни општини, за државна помош, вклучувајќи ја целокупната државна механизација што е на располагање затоа што, верувајте, во опасност се наоѓаат директно населено место Лозаново и домовите на луѓето.