Сподели со своите пријателиГолем пожар денеска изби во атарот на селото Војник во Општина Старо Нагоричане, каде според неофицијални проценки е изгорена површина од неколку стотици хектари.
Како што информираше заменик градоначалникот на Општина Бобан Цветановски, опожарени се ниви, стрништа, куќи викендици, лозја… – Пожар има во маалото Трендајловци, село Младо Нагоричане, во близина на „Етносело“.