Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Париз на денешната расправа донесе одлука да се одложи впишувањето на Охридскиот регион на Листата на светски културни и историски наследства во опасност. Racin
Тоа е наша обврска и должност кон државата и кон идните генерации“, потенцираше ЉутковКомитетот по третпат расправаше за статусот на Охрид, во услови кога 39 граѓански организации побараа да биде впишан во Листата на светски наследства во опасност, за како што велат, да се отвори врата за строго дефиниран процес за санација под постојан надзор на УНЕСКО.
Претходно Владата ги задолжи сите членови на македонската делегација во Париз заеднички да поднесат амандман за повлекување на Нацрт-одлуката на Комитетот, со која се предлагаше регионот да биде ставен на листата на загрозени богатства. Puls24
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешната прес-конференција информираа за одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО донесена на денешната 47. сесија во Париз.
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на денешната 47. сесија што се одржува во Париз донесе одлука со која на Република Македонија и на Република Албанија им се даде дополнително една година за спроведување корективни мерки, односно временска рамка за имплементација на активностите за зачувување на светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион. Republika
Инаку, во нацрт-одлуката за стасусот на Охридскиот регион беа посочени забелешките наведени во реактивната мониторинг мисија од минатата година, во која се потврдени наодите од претходните мисии, со заклучок дека кумулативните и тековните влијанија – вклучувајќи го тука урбаниот развој, недостатоците во просторното планирање, несоодветните интервенции, еутрофикација на езерото, големите инфраструктурни и други проекти – предизвикале сериозно нарушување на клучните атрибути на заптитеното подрачје, што довело до неповратна деградација.
Дел од експертите отворено го поддржуваа поместувањето на регионот на Листата светски наследства во опасност, со уверување дека тоа е вистинскиот начин да се натераат државата, институциите, општините засилено да се ангажираат во насока на исполнување на препораките за надминување на проблемите што доведоа до сегашната ситуација. Kanal5