Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање за објавите во бугарските медиуми дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент се согласиле да ги отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од нацрт-извештајот за напредокот на земјава истакна дека на талибански начин се бришат македонскиот идентитет и македонскиот јазик од Ивештајот на ЕП. На ова реагираше и СДСМ СДСМ го обвинува премиерот Христијан Мицкоски, дека е директно одговорен за, како што велат, „бришењето на македонскиот јазик“ од извештајот на Европскиот парламент и за повторното отворање на прашањето за јазикот на Македонија во европските институции.
„Најголем непријател на македонскиот јазик, култура и идентитет е Христијан Мицкоски,“ се наведува во соопштението на СДСМ. Frontline
Откако бугарскиот европратеник Андреј Ковачев утрово објави дека е постигнат договор меѓу најголемите европски партии воопшто да не се споменуваат македонскиот јазик и идентитет во Извештајот за напредокот на РCM со ЕУ, реагираше и премиерот Христијан Мицкоски. Puls24