Од опозициската партија реагираат дека синоќешното двојно убиство и самоубиство во Прилеп е уште една страшна потврда дека безбедносната состојба во земјава е целосно излезена од контролаВо Македонија една година луѓето се убиваат по улици, маала, во своите домови, а министерот Тошковски повеќе не може да ја сокрие вистината – рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција во седиштетот на партијата.
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска истакна дека вчерашниот инцидент во кој беше нападната градоначалничката на Скопје го потврди она што како партија го говореле со месеци.
Вчерашниот напад врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска е само последната и најгрозоморна потврда дека Македонија е под власт на криминализиран и авторитарен режим, кој не се двоуми да употреби насилство за да ги заштити своите интереси и да ги заплаши сите што зборуваат за корупцијата.„Ова не беше само напад врз една градоначалничка.
Вчерашниот напад врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска е само последната и најгрозоморна потврда дека Македонија е под власт на криминализиран и авторитарен режим, кој не се двоуми да употреби насилство за да ги заштити своите интереси и да ги заплаши сите што зборуваат за корупцијата.