Пратеничката група на СДСМ и коалицијата на денешната седница на комисијата за финансирање и буџет, посветена на ребаланост на Буџетот поднесе амандман за зголемување на буџетските средства за противпожарна заштита во износ од 500 милиони денари.
„Со предложениот амандман бараме зголемување на буџетските средства наменети за функционирањето и развој на територијалните противпожарни единици во износот 500 милиони денари, со цел зголемување на платата на пожарникарите нови вработувања и подобрување на условите за работата безбедноста и ефикасноста на пожарникарите, како и за одржување на постојната механизација, подобрување на условите за работа во противпожарните станици, набавка на лична заштитна опрема за пожарникарите и дополнителен надомест за вонредно ангажирање на пожарникари и други лица“, истакна пратеничката на СДСМ Сања Лукаревскa, образложувајќи го амандманот. Makfax
Пратеничката група на СДСМ и коалицијата на денешната седница на комисијата за финансирање и буџет, посветена на ребаланост на Буџетот поднесе амандман за зголемување на буџетските средства за противпожарна заштита во износ од 500 милиони денари. 24info