Можам да кажам дека повторно Македонија се гради после долгогодишен застој, конечно почнуваме да го надополнуваме тоа коешто годините позади нас беше запустено, заборавено, а ветувано, неисполнето, рече претседателот на владата, Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на ставањето камен-темелник на новата спортска сала во оопштина Ѓорче Петов.
За разлика од минатото можам да кажам дека градоначалникот овде во Општина Ѓорче Петров заедно со дел од советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, администрацијата, заедно со пратениците во Парламентот, со пратеникот тука од Општина Ѓорче Петров, заедно со Министерството за образование и наука, во периодот којшто следи ќе имаат голем број инвестиции овде, но и оваа инвестиција денеска овде којашто е од буџетот на Општината, покажува дека Македонија се гради и дека граѓаните ќе ги добијат оние услови коишто се потребни за поголем квалитет во нивниот живот.