Секако кога би се изрекувале условни прекини, кога би се изрекувале и тоа ќе зборуваме околу алките оние коишто веќе 10 години се чекаа да бидат ставени во функција, јас сум оптимист дека ако не до крајот на годината, на самиот почеток на следната година ќе бидат ставени во функција, да бидат изрекувани такви казни и тие луѓе во домашни услови да си ги одлежат нивните казни“, Во однос на подобрувањето на инфраструктурата на македонските затвори, директорот на Управата за извршување санкции рече дека досега земјава требало да има комплетно нов и „суперсовремен затвор“ во Идризово, но за жал, како што додаде, досега е завршена само првата фаза, во време на претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.