Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посетил Одделението за персонализација во МВР каде била промовирана новата машина за печатење на лични документи. Sitel
Комисијата за ревизија на постапките за издавање на дозволи за поседување оружје констатираше дека повеќе од 5 000 предмети не се сработени, а исто така и добар број предмети се сработени спротивно на законските одредби, поради што Одделот за внтарешна контрола по темелна истрага достави до Одделот за дисциплински постапки предлог за спроведување на дисциплински постапки – отказ за околу 15-тина лица коишто биле високи полициски функционери од претходната власт, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Denesen
По насока на јавен обвинител, за сите оние за коишто ќе се утврди дека постојат елементи за сторено кривично дело, во наредниот период, дали утре, дали од понеделник, ќе биде поднесена и соодветна кривична пријава… Тие заслужиле отказ, си добиле отказ во рамки на дисциплинска постапка.
Согласно напатствијата на јавниот обивнител ќе следи и соодвента кривична постапка за оние за коишто постојат – изјави Тошковски. Plusinfo
Тошковски во интервју за Сител истакна дека во минатото оружје им било давано на лица кои не имале право на поседување, додека други, кои имале право, не успеале да ја завршат постапката.
Тој најави и дигитализација на процесот за издавање дозволи. Republika