Комисијата за ревизија на постапките за издавање на дозволи за поседување оружје констатираше дека повеќе од 5 000 предмети не се сработени, а исто така и добар број предмети се сработени спротивно на законските одредби, поради што Одделот за внтарешна контрола по темелна истрага достави до Одделот за дисциплински постапки предлог за спроведување на дисциплински постапки - отказ за околу 15-тина лица коишто биле високи полициски функционери од претходната власт, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Press24
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посетил Одделението за персонализација во МВР каде била промовирана новата машина за печатење на лични документи. Novamakedonija
„Машината ги печати сите видови картични документи кои ги издава Министерството за внатрешни работи како лични карти, возачки дозволи, картички за привремен престој… Тоа во превод значи нема повеќе турканици какви што гледавме, нема повеќе нарушување на достоинството на граѓаните, туку брзо и навремено издавање документи за секој граѓанин.
Целосно сме посветени на креирање на брзи и квалитетни услуги за граѓаните преку унапредување и дигитализација на процесите и услугите. 360stepeni
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денес ја презентираа новата дигитална услуга или можност за поднесување на онлајн барање за издавање на одобрение за набавка на оружје на физичко лице која ќе биде достапна преку сајтот на МВР и на националниот портал uslugi.gov.mk. Министерот потенцираше дека во минатиот период по огромен број на претставки и поплаки на граѓани Комисија за ревизија на МВР утврдила дека изминатите години селективно и незаконски им биле издавани дозволи за поседување оружје на лица кои не ги исполнувале условите со што е отворена истрага која резултира со 15 откази на високи полициски функционери и ќе продолжи со кривично правна постапка. Press24
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на платформата „100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“ денеска во Владата, прашан кога ќе биде пуштен во употреба системот за безбеден град „Сејф сити“, рече оти се надева дека во текот на 2025 година овој систем ќе има целосна функционална примена. Republika
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски беше во одделението за персонализација во МВР каде беше промовирана новата машина за печатење на лични документи.
„Денес ја пуштаме во употреба новата машина за печатење на лични документи која ја набави министерството за внатрешни работи и која тројно ќе го зголеми капацитетот и ќе го забрза издавањето на издавање на документи. Press24
Тошковски рече дека претходните власти извршиле набавка, но не направиле стратешки план како сето тоа ќе го стават во функција и не направиле законски процедури, каде точно тоа треба да се имплементира, како ќе се доставуваат казните, дали судот ќе може да одговори на предизвикот да постапува по десетици ијлади предмети на месечна основа.
По завршување на техничката влада и по формирање на нормална влада, се посветив круцијално особено на овој проект, затоа што сметам дека оние бројки кои ги имаме од типот на 146, 126, 138 – ова се бројки на луѓе кои изгубиле живот како последица на сообраќајна незгода. овие цифри мора да ги намалиме, целта на воведувањето на овој систем на сообраќајна култура е да ги намалиме овие бројки. Nezavisen
Тошковски, исто така, најави дека се размислува за носење нов закон што треба да ги регулира сите права за поседување оружје, што ќе биде усогласен со правата на граѓаните на ЕУ. -Мораме да имаме темелна анализа, мораме да работиме посветено во интерес на граѓаните, мора да наоѓаме системски решенија, изјави Тошковски.
Прашан дали има информации за некакво загрозување на безбедноста на државата, Тошковски, нагласи дека Министерството за внатрешни работи и сите други останати институции кои што се занимаваат со прашања поврзани со безбедноста се спремни да одговорат на сите предизвици кои што евентуално би ги имало во иднина. Nezavisen
Министерот за внатрешни работи во Владата учествуваше во платформата „100% посветено за тебе“ каде за јавноста во фокус беа мерките и политиките за безбедноста, одбраната и правдата. Press24
Тој, исто така, најави и дигитализација на овој тип на услуги.
По насока на јавен обвинител, за сите оние за коишто ќе се утврди дека постојат елементи за сторено кривично дело, во наредниот период, дали утре, дали од понеделник, ќе биде поднесена и соодветна кривична пријава… Тие заслужиле отказ, си добиле отказ во рамки на дисциплинска постапка. Denesen
Во втората акција беше сузбиена една криминална група која долги години харала и била поврзана со нелегална трговија со дрога, со луѓе, перење пари.
Разликата од претходно во спроведување на таков тип на акции е што тогаш на денот на акцијата некако магично првите луѓе на тие криминални групи секогаш беа надвор од државата и недостапни за полицијата, а беа апсени луѓе кои не се носители на криминалот. Mk
Министерството за внатрешни работи, Одделот за дисциплински постапки спроведе дисциплинска постапка по предлог на Одделот за внатрешна контрола за поголем број на лица и за оние каде што се констатираа незаконитости, а притоа истите не беа застарени како предмети, донесе, колку што сум запознаен, 15 решенија за отказ на високи полициски функционери кои издавале дозволи и работеле спротивано закон.
Согласно напаствија на надлежен јавен обвинител, во наредниот период ќе следат и кривични пријави за сите оние кои што има докази дека сториле конкретно кривично дело. Novamakedonija
По насока на јавен обвинител, за сите оние за коишто ќе се утврди дека постојат елементи за сторено кривично дело, во наредниот период, дали утре, дали од понеделник, ќе биде поднесена и соодветна кривична пријава… Тие заслужиле отказ, си добиле отказ во рамки на дисциплинска постапка.
Согласно напатствијата на јавниот обивнител ќе следи и соодвента кривична постапка за оние за коишто постојат – изјави Тошковски. Plusinfo
Тошковски, во гостувањето во дневникот на Сител, посочи дека во изминатиот период им било давано оружје на луѓе коишто законски немале право да поседуваат оружје, а притоа луѓе кооишто остварувале права не им било овозможувано да се заврши постапката.
Тој, исто така, најави и дигитализација на овој тип на услуги. Denesen
Претпоставувам дека ќе се оди со злоупотреба на службена положба и овластување или несовесна работа во јавна служба, но за тоа ќе проценат надлежните органи и надлежните институции, рече Тошковски.
За суштински да се реши ваквиот проблем, Тошковски вели направена е дигитална алатка во соработка со Министерството за дигитална трансформација која ќе ги намали трошоците и ќе им помогне на граѓаните да го остварат своето право, доколку го исполнуваат. Republika
Еден врховен судија и еден член на Совет на јавни обвинители со правосилна пресуда повеќе не се дел од рекетарски систем којшто институционално го граделе години наназад.
Во една недела за два дена имавме две сеопфатни акции, едната на територија на југоисточна Македонија и едната на Западна Македонија. Press24
Во една недела за два дена имавме две сеопфатни акции, едната на територија на Југоисточна Македонија и едната на Западна Македонија.
Во едната падна цела организирана група на цариници којшто ја злоупотребувале службената положба и се богателе на грбот на македонските граѓани. Mk
Поради нелегално издавале дозволи за поседување на оружје и работење спротивно од законот, петнаесет високи полициски функционери добија решенија за отказ, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Министерот на денешната прес-конференција рече дека лично до него и кабинетот стигнале претставки од граѓани за начинот на кој во МВР биле спроведувани постапките за издавање на дозволи за поседување на оружје. Sitel
Законските измени ќе бидат во насока на усогласување на нашето законодавство со европското законодавство.
Измените се однесуваат на воведување на нови членови во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кои директно се однесуваат на сопственикот на возилото (или оној со правото на користење на возилото) со кое е сторен сообраќајниот прекршок. Plusinfo
Измените се однесуваат на воведување на нови членови во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кои директно се однесуваат на сопственикот на возилото (или оној со правото на користење на возилото) со кое е сторен сообраќајниот прекршок.
Сообраќајниот прекршок ќе биде документиран со соодветни технички средства и уреди за снимање при што на сопственикот на возилото ќе му биде доставен соодветен поднесок за сторениот сообраќаен прекршок. Plusinfo
Министерот за внатрешни работи во Владата учествуваше во платформата „100% посветено за тебе“ каде за јавноста во фокус беа мерките и политиките за безбедноста, одбраната и правдата.
Министерот Тошковски уште еднаш потенцираше дека бескомпромисната борба со криминалот и корупцијата е еден од главните приоритети на новата Влада и МВР бидејќи тие го поткопуваат функционирањето на општеството и ја креираат недовербата на граѓаните во функционирањето на институциите и самата држава. Press24
Повеќе нема чекање за граѓаните да можат да пристапат до просториите за да се фотографираат и да ја завршат таа работа, изјави Тошковски, во интервју за Сител.
Тошковски, исто така, посочи дека доколку им се важечки истото не е на нивни трошок во делот на трошокот којшто се исплаќа спрема државата во делот на производство на возачката дозвола. Republika
Сообраќајниот прекршок ќе биде документиран со соодветни технички средства и уреди за снимање, при што на сопственикот на возилото ќе му биде доставен соодветен поднесок за сторениот сообраќаен прекршок.
Дорегулирањето на постапката за заштита на личните податоци е во тек, односно во периодот што следува, запазувајќи ги сите законски регулативи. Kajgana
Проектот иако планиран и почнат од порано не се предвиделе системските решенија како ќе се имплементира и низ другите институции како судовите.
Законските измени ќе бидат во насока на усогласување на нашето законодавство со европското законодавство. Plusinfo
Секако, ќе има период на информирање на граѓаните, нивно приспособување кон системот со цел да почнеме сите спремни и заедно да градиме сообраќајна култура, која ќе резултира со ред во сообраќајот, без жртви“, потенцира Тошковски.
Тошковски на крајот истакна дека Министерството е целосно посветено кон креирање опремена, обучена и модерна европска полиција, која ќе ја штити безбедноста на сите свои граѓани и бескомпромисно ќе се бори со сите видови криминал и корупција, кои ги нагризуваат функционалноста и просперитетот на општеството. Kajgana
Над 25 инциденти со огнено оружје се случија, криминалното подземје не се плаши од Тошковски туку смета токму на неговата неспособност.
Иако нападот со бомба во Керамидница бил најавен на Тик Ток уште на 30 септември МВР на Тошковски не презело ништо за да превенира и да го спречи и дозволи да се загрози безбедноста и сигурноста на граѓаните. Mk
Криминалните пресметки во Скопје станаа регионална тема, за настанот со фрлената бомба во Керамидница информации објавуваат српските и хрватските медиуми, соопшти СДСМ.
„Негативните вести за криминалните банди во Македонија и за неспособноста на Тошковски далеку одекна и надалеку се слуша. Press24
Министерот за дигитална трансформација ја поздрави можноста МВР да ги дигитализира процесите и на граѓаните да им понуди дигитални услуги кои ќе штедат нивното време и трошоци притоа употребувајќи ги националните ресурси како националниот портал uslugi.gov.mk каде покрај сите достапни услуги за граѓаните ќе биде достапна и оваа можност за аплицирање за дозвола за оружје.
„Освен националниот портал uslugi.gov.mk овде ќе биде искористена и платформата за операбилност каде институциите меѓу себе ќе ги прибавуваат доказите и информациите за граѓаните, без за тоа граѓаните да имаат обврска да одат од шалтер на шалтер и да трошат дополнително време и ресурси., истакна министерот Андоновски. Press24
Министерот Тошковски образложи дека со цел граѓаните да добијат системско и брзо решение кое нема да биде подложно на можност за корупција, во соработка со министерството за дигигална трансформација и УНДП е создадено оваа решение.
„Оваа решение, оваа алатка ќе овозможи системски пристап кон остварување на правата нас на граѓаните. Press24
Министерот Андоновски ги повика граѓаните масовно да го користат порталот како за оваа услуга така и за сите останати услуги достапни на порталот и ги повика сите институции да работат на својата агенда за дигитализација и да нудат на граѓаните дигитални услуги кои ќе ќе го штедат времето и ресурсите на своите граѓани.
На настанот од стана на Одделот за информатичка и телекомуникации на МВР беше презентирана во живо постапката за аплицирање за дозвола за оружје. Mk
Со други зборови, со оваа алатка ги намалуваме чекорите, ги намалуваме трошоците и ја отстрануваме можноста за корупција.“, потенцираше министерот Тошковски.
Министерот Тошковски на крај истакна дека министерството за внатрешни работи ќе продолжи да ги дигитализира своите процеси и услугите за граѓаните бидејќи само така се олеснуваат чекорите до остварување на правата на граѓаните од една страна а се намалува можноста за било каква корупција од друга страна. Press24
Овие лица добиле отказ, а следуваат и кривични постапки“, рече Тошковски.
Министерот најави и нов закон за поседување оружје, усогласен со законодавството на ЕУ, кој ќе се базира на темелна анализа и системски решенија во интерес на граѓаните. Skopjeinfo