Најпрво како човек, а потоа како пратеник и координатор на пратеничка група во Собранието, сакам да изразам огромна згрозеност од денешното недолично, безобразно и срамно однесување во Собранието, на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, напиша на неговиот фејсбук профил Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ. Republika
Очигледно, комплексите, нервозата и агресијата, домашното невоспитание и недостигот на основна култура, денес ја доживеаја својата кулминација.
Неконтролираниот излив на физички и вербален бес и навреди на лицето Димитар Апасиев кон колегите пратеници, мажи и жени, беше само уште еден очаен обид на таканаречениот „универзитетски професор“ да ја задоволи својата жед за медиумско внимание и „лајкови“ на социјалните мрежи, изјави на фејсбук статус, Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ. Netpress
Неконтролираниот излив на физички и вербален бес и навреди на лицето Димитар Апасиев кон колегите пратеници, мажи и жени, беше само уште еден очаен обид на таканаречениот „универзитетски професор“ да ја задоволи својата жед за медиумско внимание и „лајкови“ на социјалните мрежи, објави Мицевски.
Единственото добро што може да произлезе од ова ниско, скандалозно и срамно однесување на Димитар Апасиев, пишува тој, е тоа што целата македонска јавност, во живо на собранискиот канал, имаше можност да види и да се увери во вистинското лице на Д. Апасиев и начинот на кој што нивната „фејсбук“ партија делува, размислува и се однесува. Kanal5
Инцидентот започна кога пратеникот Реџеп Исмаил од Левица постави пратеничко прашање до премиерот Христијан Мицкоски, иако тоа претходно не било најавено писмено, како што налага Деловникот.
На ова процедурално реагираше Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи дека се изигруваат правилата. Plusinfo
Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев на денешната собраниска седница најпрвин влезе во вербална расправија со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев, а потоа фрли и слушалки накај него и се обиде физички да се пресмета. Telma
На собраниската седница за пратенички прашања за малку не дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
За да спречи ескалација на вербалниот инцидент, претседателот на Собранието, Африм Гаши, повика обезбедување и прогласи 10-минутна пауза. Republika
Но барем, очекувам да се покае и извини до сите жени, мајки, сестри, сопруги и девојки кои денеска тој, индиректно најбрутално ги навреди и понижи.
На крајот би упатил порака со надеж и желба, овој срам никогаш да не се повтори!, напиша на фејсбук Никола Мицевски. Republika
Инцидентот се случи кога пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, од собраниската говорница едно од пратеничките прашања му го постави на премиерот Христијан Мицкоски, иако во писмото до собранискиот спикер најавил дека прашања ќе поставува единствено до министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.
Прашањето што му го постави на премерот беше со што ексминистерката за одбрана Радмила Шекеринска ја заслужила поддршката на Владата и на претседателката на државата да биде во висока позиција во НАТО. Novamakedonija
Инцидент во Собрание меѓу лидерот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
Вербалниот конфликт беше меѓу координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и Апасиев кој од своето пратеничко место му дофрлаше на Мицевски кој беше на собраниската говорница. Skopjeinfo
По Исмаил, од собраниската говорница со процедурална забелешка се јави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој обвини оти пратениците од Левица ја злоупотребуваат новата алатка – поставување пратенички прашања од опозицијата, која е различна од редовните пратенички прашања.
Следуваа процедурални излагања на координаторот на Левица, Борислав Крмов, и на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кои ги толкуваа одредбите од Деловникот во врска со новиот тип седници за пратенички прашања. 360stepeni
По денешната собраниска седница на која за малку беше избегната физичка пресметка помеѓу пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ попладнево со реакција и обвинувања се јавија нивните партиски колеги кои изнесоа различни видувања на инцидентот.
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ на прес-конференција обвини дека пратеникот Зоранчо Јованчев од ВМРО-ДПМНЕ на седницата упатил пцости кон претседателот на неговата партија Димитар Апасиев. 360stepeni