Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
49
5.58
21.58
15.28/0.85
49.00
11.98
0.24
4352.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 49
37 ■ 0.99/0.01 ■ 5 ■ 509.5
Best clustering variants
37 0.99/0.01 5 509.5
16:54 h 22-Nov-2024
  • Пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ денеска побаараа јавно извинување од Апасиев за вчерашните пцовки што тој ги упатил до пратеничката група во инцидентот во собраниската сала поради несогласување и процедурални забелешки за пратеничко прашање упатено до премиерот Мицкоски.
  • ◉ ВМРО-ДМНЕ бара извинување од Апасиев по инцидентот
17:14 h 21-Nov-2024
  • Најпрво како човек, а потоа како пратеник и координатор на пратеничка група во Собранието, сакам да изразам огромна згрозеност од денешното недолично, безобразно и срамно однесување во Собранието, на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, напиша на социјалните мрежи Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ по инцидентот во Собрание, каде претпладнево за влакно се избегна физичка пресметка меѓу пратениците на власта и опозициската Левица.
  • По инцидентот во Собрание, се огласи Мицевски: Згрозен сум од Апасиев
15:27 h
  • Пратеникот кој денеска го пцуеше Апасиев има две кривични пријави, откри денеска на прес-конференција во Собранието пратеникот Амар Мециновиќ од Левица.
  • (ВИДЕО) Вонреден прес на Левица по инцидентот: Не им се плашиме
14:01 h
  • Тензии, пцовки и физички напад донесе денешната седница во Собранието на седницата за пратенички прашања.
  • ВИДЕО: Пцовки, навреди, тензии и физички напад во Собранието – се искараа пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Левица
13:57 h
  • Првата седница во новиот формат од неколку часа наменета само за пратенички прашања од опозицијата заврши на работ на инцидент по жестоката препирка меѓу координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Никола Мицевски и Борислав Крмов.
  • Напрегнато во Собранието, на работ на инцидент
13:56 h
  • Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев на денешната собраниска седница најпрвин влезе во вербална расправија со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев, а потоа фрли и слушалки накај него и се обиде физички да се пресмета.
  • (видео) Избегната физичка пресметка во македонското собрание- Апасиев со слушалки го гаѓаше Јованчев
13:46 h
  • Инцидент во Собрание меѓу лидерот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
  • Инцидент во Собранието помеѓу Апасиев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ | ВИДЕО
15:12 h 20-Nov-2024
  • Граѓанскиот суд во Скопје денеска ги прифати сите точки од тужбените барања на Канал 5 за клеветите и навредите од претседателот на Левица Димитар Апасиев упатувани претходниот период.
  • Канал 5 ја доби тужбата против Апасиев за клеветите и навредите
Novamakedonija

Гаши потврди дека во писмото испратено до него пишува оти пратеникот Реџеп Исмаил ќе постави прашање до министерот за надворешни работи, но повика на толеранција зашто, како што рече, ваков тип седница се одржува по првпат и поради укажувањата од Левица оти се работи за техничка грешка, ќе се дозволи прашањето да му биде поставено на премиерот Мицкоски.

Следуваа процедурални излагања на координаторот на Левица, Борислав Крмов, и на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кои ги толкуваа одредбите од Деловникот во врска со новиот тип седници за пратенички прашања. Novamakedonija

  • Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ одржа прес-конференција во врска со денешната ескалација во Собранието која ја предизвикаа пратениците од ДПМНЕ, а со цел владините функционери да избегнат одговори на прашањата поставени од Левица на денешната седница за пратенички прашања „Втори пратенички прашања по ред, ДПМНЕ ја ескалира ситуацијата во Собранието затоа што се опиени со власт и бидејќи се, просто, насилници.
360stepeni

Инцидентот настана кога пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, од собраниската говорница едно од пратеничките прашања му го постави на премиерот Христијан Мицкоски, иако во писмото до собранискиот спикер најавил дека прашања ќе поставува единствено до министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

По Исмаил, од собраниската говорница со процедурална забелешка се јави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој обвини оти пратениците од Левица ја злоупотребуваат новата алатка – поставување пратенички прашања од опозицијата, која е различна од редовните пратенички прашања. 360stepeni

  • Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ одржа прес-конференција во врска со денешната ескалација во Собранието која ја предизвикаа пратениците од ДПМНЕ, а со цел владините функционери да избегнат одговори на прашањата поставени од Левица на денешната седница за пратенички прашања „Втори пратенички прашања по ред, ДПМНЕ ја ескалира ситуацијата во Собранието затоа што се опиени со власт и бидејќи се, просто, насилници.