На собраниската седница за пратенички прашања, кога пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил му постави пратеничко прашање на премиерот Христијан Мицкоски, ко претходно не било писмено најавено кај претседателот на Собранието, процедурално реагираше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој ги обвини дека го изигруваат Деловникот, по што „попуштија нервите“ на Апасиев, кој задскриен зад неколку пратеници на Левица, од место довикуваше со недоличен вокабулар ( за еден професор и пратеник) и фрлаше предмети (собраниските слушалки за превод) кон пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои се собраа пред местата каде што седат пратениците од Левица. Civilmedia