До крајот на овој месец сите градоначалници треба да обезбедат записници за безбедноста за училиштата, градинките, спортските сали и за сите културни установи под нивна надлежност и тие да ги споделиме со Владата, на заеднички координативен состанок и со јавноста, информира вечерва градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) Орце Ѓорѓиевски.
Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски вечерва во Топ тема на Телма истакна дека се залага за темелни реформи, и инсистираше на елиминирање на практиките што овозможуваат злоупотреби, како на пример, молчењето на администрацијата.
Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски по денешната седница на Управниот одбор на ЗЕЛС кажа дека сите училишта, градинки, јавни установи, културни домови и спортски сали во државава се безбедни.