„По наследениот пустош, се градат темелите во инфраструктурата, Македонија инфраструктурно се развива, модернизира и трансформира.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за една година покажа како со интензивна, посветена и чесна работа можат да се завршат и отпочнат големи инфраструктурни проекти, со цел внатрешно и меѓународно поврзување на државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Opserver
Започна постапка за трет мобилен оператор, ќе се отворат нови работни места и ќе донесе конкуренција на пазарот за пониски услуги за граѓаните.
Во изминатата година се водеше особена грижа и за ранливите категории за која цел, беа доделени над 100 социјални станови во Велес, Кочани, Струмица и Гевгелија“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Tocka